Освен за јајцата, засилени контролите и за боите за вапсање

Од:

Освен јајцата, чиј увоз деновиве, пред велигденските празници, подлежи на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која е соодветно означена и декларирана.

– Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и бои за јајца, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 080032222 или електронски на [email protected], нагласува Агенцијата.

Во 2018 година се увезени вкупно 240.830 јајца, сите од Србија. Како небезбедни, поради несоодветно означување на рокот на употреба се поништени 16.620.

Би можело да ве интересира

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он

АХВ „подели“ 23 казни за кафеани кои организирале предновогодишни прослави

Горан Наумовски

Агенцијата за храна ги контролира новогодишните пактчиња

Катерина Ѓуровски

Изречени 23 парични казни на продавници за храна