Основачот на „Икеа“ не е милијардер

Од:

Ингвар Кампрад, основач на шведскиот гигант за мебел „Икеа“ по 40 години поминати во странство се враќа да живее во својата татковина Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Кампрад наскоро се очекува да се пресели во Алмхулт, каде што и започнала успешната сага на „Икеа“. Но, спротивно на она во што многумина веруваат, не станува збор за 87-годишен милијардер што се враќа во Шведска.

Според податоците до кои дошол шведскиот весник „Сидсвенскан“, Кампрад, кој со децении фигурираше на листите на најбогатите луѓе во светот не е сопственик на цела „Икеа“.

Последната проценка на „Блумберг“ е дека Кампрад е петтиот светски милијардер со вкупна вредност на богатството од 55,6 милијарди долари. Но, според споменатата документација, која била доставена на увид на шведскиот весник, богатството на основачот на „Икеа“ изнесува „само“ околу 110 милиони долари.

Најголем дел од тие средства се хартии од вредност пласирани меѓу другото, во филијалите на шведските банки „СЕБ“ и „Нордеа“ во Луксембург, како и во „Аландсбанкен“.

Според пописот на имотот по смртта на неговата сопруга, Кампрад не поседува делови од концернот „Икеа“ и не добива надоместок како член на управниот одбор и советник.

– Тоа се обидувавме да го кажеме во изминатите четири години. „Икеа“ не е во сопственост на семејството Кампрад и тие не можат да присвојуваат вредности од компанијата, вели Пер Хегенс, портпарол на Кампрад.

Враќањето на Ингвар Кампрад дома практично значи дека тој ќе почне да плаќа данок во Шведска.

Би можело да ве интересира

Икеа ги продава фабриките и го намалува бројот на вработени во Русија и во Белорусија

А1он

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија

А1он

„Икеа“ купи речиси 11 хектари шума во Џорџија за да спречи уништување

Катерина Ѓуровски

ИКЕА ќе произведува медицински маски

А1он

ИКЕА најави затварање на продавница во Велика Британија

А1он

Икеа бара дозвола за изградба на првата продавница во Словенија