Османи: Брисел не може да вети изземање од мерките за челикот

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по средбата со еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром во Брисел порача дека е тешко за ЕУ да вети изземање на земјава од евентуалните мерки врз увозот на челик во ЕУ.

ЕУ започна истрага за увозот на челик на нејзиниот внатрешен пазар во март годинава, поттикната од зголемениот наплив на челик од трети земји на својот пазар, како и од новите американски царини врз челикот и алуминиумот, кои стапија на сила на 1 јуни.

За Македонија овие рестрикции би биле голем удар за економијата, смета македонскиот државен врв и металушката индустрија. Османи и министерот за економија, Крешник Бектеши и порачале на еврокомесарката дека секакви ограничувања би имале „страотни последици врз таа индустрија“, но и „домино ефект врз другите сектори вклучително и политичкиот процес“, меѓутоа не добиле никакви ветувања за сега, јави дописничката на МИА во Брисел.

– Тие сметаат дека треба да заврши истрагата, а потоа ограничувањата да бидат врз основа на историскиот тек на извоз. Тука има разични индикатори, бидејќи историскиот тек во последните три години беше во екот на политчката криза и ако тие стапки ги имаме како ограничувања нема да бидат поволни, изјави вицепремиерот за МИА.

Османи тврди дека добил уверување од неговите соговорници во Брисел дека Македонија не треба да биде „многу загрижена“.

Се очекува Европската комисија во јули да се произнесе за можните ресктрикции и во кој облик тие би се донеле, дали количински ограничувања или царини.

– Јас реков дека имаме Договор за стабилизација и асоцијација, дека сме целосно интегрирани со ЕУ, 70 отсто од нашиот извоз оди во ЕУ, 60 отсто од увозот доаѓа од ЕУ, и дека можеме да бидеме изземени. Но, тоа не може да се вети во оваа фаза додека не заврши истражувањето за заштитните мерки, сепак сметав дека е време да се алармира, додаде Османи.

Останува дека Македонија не добила за сега никакви гаранции, дека ЕУ има право да го ограничи увозот на челик во услови на криза, вклучително и од земјите кандидат за членство и дека за разлика од земји како Норвешка, Македонија нема специјален однос со европскиот пазар.

Прашан дали Македонија размислува за план Б за челичната индустрија, Османи одговори дека индустријата и ресорите во државата ќе треба да размислуваат за сите опции.

– Мое беше да ги мобилизрам институциите во ЕУ, потенцира Османи.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами