ВИДЕО: Орбан ги „откачи“ ММФ преку Фејсбук

Од:

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан ги прекина преку Фејсбук преговорите со ММФ за нов кредит.

„По оваа цена не лајкувам“, рече во својата видео порака на профилот.

Во краткото видео Орбан рече дека Унгарија не може да ги прифати условите на ММФ како што се намалување на пензијата и укинување на спорната банкарска такса во замена за заем од 15 милијарди евра.

Тој рече дека неговата влада работи на „алтернативен предлог за преговорите“, но додаде дека договор со вакви услови од ММФ ќе биде неприфатлив.

Орбан во средата за новинарите изјави дека преговорите со ММФ и ЕУ се одвиваат според планот и дека и двете страни имаат волја да постигнат договор.

Унгарската економија е во рецесија. Таа земја има најголема годишна стапка во инфлација на територијата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ