Оранжериите во Кочани со рекордна потрошувачка на топла вода од системот „Геотерма“

Од:

Ниските температури во изминатиот период придонесоа изутрината да биде регистрирана максимална потрошувачка на геотермална вода од системот „Геотерма“ во Кочани. За само два дена испораката достигнала 11,5 илјади кубни метри топла вода дневно, што во комуналното претпријатие „Водовод“, кое стопанисува со системот, го оценуваат како рекордно ниво.

Потребата од топлинска енергија ги натерала корисниците кои се приклучени на цевководот да побараат поголема испорака на количините за да се избегнат последиците од студот. Од “Водовод“ информираа дека со години не била регистрирана толкава потрошувачка, но дека капацитетот на системот е подготвен да одговори на зголемените потреби.

-Најголеми потреби за топла вода во овој период ни пријавуваат стопанските субјекти кај оранжериското земјоделско производство, каде се испорачуваат над 90 отсто од количините. Со оглед што во тек е зимскиот распуст за учениците, нема испорака за загревање на училиштата со геотермалниот ресурс, што значи дека во спротивно потрошувачката би била поголема за уште неколку илјади кубни метри вода. Сепак, цевководот е во исправна состојба и ние можеме да ги испорачаме количините што им се потребни на корисниците, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Цената на геотермалната вода од системот “Геотерма“ изнесуваше 34,15 денари за кубен метар, а од пред две недели е зголемена за 1,63 денари поради покачувањето на концесискиот надоместок.

Во образложението за поскапувањето за кое одобрение даде и Советот на Општина Кочани, беше речено дека е направено поради промената на цените на одредени калкулативни елементи што влегуваат во структурата на крајната цена на геотермалната вода, а калкулацијата била во согласност со Тарифникот што во 2012 година беше објавен во Службен весник.

Сепак, дел од корисниците сметаат дека сегашната цена за геотермалната вода е превисока, поради што дел од нив се откажаа од користењето на системот „Геотерма“ и инвестираа во сопствени системи за загревање на оранжериското производство.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски