Општините од Југоистокот заеднички ќе конкурираат со проекти за одржлив и рамномерен регионален развој

Од:

Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на својата четврта седница што ја одржа во Валандово, донесе одлука за учество на Повик за пристап до Грантовата шема по проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”.

Проектот е кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. Според оваа одлука, во наредниот период Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со поддршка на претставници на општините и други заинтересирани страни од регионот ќе преземаат низа активности за подготовка на предлог проекти и нивно аплицирање до оваа грантова шема.

На седницата градоначалниците ги усвоија годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година, годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година како и Акцискиот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019.

Усвоена е и Одлуката за взаемна активност на општините за третирање против возрасни комарци и ларви во 2018 година на територијата на општините од Југоисточниот плански регион.

Значајно во оваа одлука е тоа што годинава општините од регионот првпат ќе прскаат и против ларви на комарци со што се очекуваат многу подобри резултати и ефекти од оваа постапка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска