Општина Охрид: ВМРО-ДПМНЕ побрзаа на јавноста да и пласираат нова лага

Од:

Советниците на ВМРО- ДПМНЕ , ја напуштија денешната седница на Советот на Општина Охрид , на која беше донесен буџетот на општината за 2013 година. Наместо од говорницата , за што земаат паушален паричен надомест, тие се определија нивните неаргументирани обвинувања да ги соопштат на прес конференција .

По директива на врвот на нивната партија ВМРО- ДПМНЕ , побрзаа на јавноста да и пласираат нова лага . На нивната прес конференција , го обвинија градоначалникот Александар Петрески и Советот на општина Охрид дека божемно немале услови за работа и заминале од страв да не настане инцидент.

Редно е да признаат пред јавнота дека лажат , бидејќи од снимениот видео и фото материјал на новинарските екипи , секој може да види дека на седницата покрај советниците присуствуваа , овластени претставници од локалната администрација , директори и претставници на нивните служби од јавните претпријатија , училиштата и други субјекти , чии програми за работа се дел од буџетот на Општина Охрид за 2013 година.

Крајно безобзирно ги навредија претставниците на локалната администрација , на училиштата и на јавните претпријатија нарекувајќи ги „ познати насилници кои на седницата дошле да го посеат семето на омразата меѓу охриѓани “ . Со ваквиот речник советничката група на ВМРО- ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив поважен е партискиот од интересот на граѓаните , па си дозволуваат легално избраните раководители на институции да ги нарекуваат насилници.

Насилство врз демократијата немаше на денешната седница на Советот на општина Охрид , но го имаше на седницата на Собранието на Република Македонија . Насилство врз демократијата прави нивната партија ВМРО- ДПМНЕ и затоа , народот ќе ја казни на престојните избори.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски