Општина Гевгелија со два проекта ќе аплицира на вториот повик од ИПА програмата

Од:

Со два проекта од областа на туризмот и одржливоста во заштитените подрачја општина Гевгелија, заедно со општините Разлог и Банско, ќе аплицира на вториот повик за проектни предлози во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, одлучија едногласно општинските советници.

Проектот од областа на туризмот предвидува реновирање и опремување на старото училиште во планинското село Конско, каде е сместен и Меморијалниот музеј. Објектот е прогласен за споменик на културата поради што веќе се изготвува конзерваторски проект заради задржување на неговата автентичност. Со овој проект општина Гевгелија ќе аплицира заедно со општина Разлог и со Агенцијата за локален развој од Банско,Бугарија.

Вториот проект од областа на заштитата на животната средина предвидува изградба на пречистителна станица во селото Моин. Со овој инвестициски зафат, велат од општината, во ова подпланинско село, како дел од заштитниот појас на планината Кожуф, ќе биде заокружен канализацискиот систем, бидејќи веќе е изградена канализациската мрежа.

Партнер на општина Гевгелија при аплицирањето со овој проект ќе биде Агенцијата за економски развој од општина Банско.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија