Околу 800 стечајци се пријавиле за користење материјално обезбедување

Од:

Приближно 800 стечајци од Куманово се пријавиле во здружението на стечајни работници „Унит“ и доставиле евидентен лист за остварениот стаж во една од поранешните кумановски компании за да ги користат поволностите од Предлог-законот за материјално обезбедување на стечајци што неодамна го услови Владата.

– Најголем број од пријавените, својот работен век го поминале во поранешните гиганти „ЗИК“, „ЧИК“ „Киро Фетак“, „Биброк“, „Амбалажа“, други кумановски компании. Овие списоци на запишани лица ќе бидат доставени во Министерството за труд и социјална политика, каде ќе се изврши проверка на доставените податоци, изјави денеска Лилјана Георгиевска од „УНИТ“.

Со ова законско решение се дава можност за материјално обезбедување на поголем број стечајни работници. Според проценките на ресорното министерство, на ниво на државата се очекува да бидат опфатени околу 3.000 лица, кои ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот.

Со предлог- законот се предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година.

Невработено лице може да се стекне со правото доколку лицето остварило најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци, а работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок.

До денот на влегувањето во сила на овој закон лицето треба да е возраст од најмалку 52 години (жена) односно 55 години (маж), а работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година и доколку остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Ана Ололовска

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

А1он

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска