Околу 300 илјади Австријци ќе добијат 500 евра парична помош од државата

Од:

Порано од најавеното во Австрија ќе почне исплатата на паричната помош најавена за граѓаните како помош за справување со поскапувањата.

Владата во Виена планираше исплатата на бонусот од 500 евра да ја почне од 1 октомври, но одлучено е тоа да се направи сега.

Околу 300 илјади Австријци веќе наредните денови ќе добијат 500 евра. Според владината одлука парична помош ќе добијат сите граѓани кои се регистрирани во Австрија.

Возрасните ќе добијат 500, а децата до 18 години 250 евра.

За да се добие помошта што е наречена „климатски бонус“, не е потребно да се поднесе барање туку исплатата се реализира по автоматизам врз основа на регистрацијата на живеалиштето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хаос во исплатата: лица со блокирани сметки распределени во банки кои не нудат можност парите да се подигнат

Маја Илиевска-Пачемска

За да не им ги земат извршители, граѓаните со блокирани сметки до петок треба да ја подигнат помошта од 6.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Помошта од 6.000 денари може да се подигне и во кеш, Владата препорачува да се троши на македонски производи

Маја Илиевска-Пачемска