МЗШВ: Околу 180.000 евра штета од косовската одлука за зголемените царини

Од:

На околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, се проценува штетата од косовската одлука со која царините за овошјето и зеленчукот беа зголемени за 30 отсто, рече денеска шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство Трајан Димковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Димковски нагласи дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 јули, период во кој годинава важеше одлуката на Владата на Косово.

– Косово ја воведе одлуката со која ги зголеми царините на 18 јули годинава, по што донесе делумно укинување, а потоа одлуката беше и целосно повлечена. Лани во овој период, од 18 до 31 јули Македонија на Косово извезла околу 2.000 тони земјоделски производи во вредност од 180.000 евра, истакна Димковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он