Охридска промотивна туристичка вечер во Белград

Од:

Во рамки на првиот ден од Меѓународниот Саем на туризмот во Белград, градот Охрид и в.д. градоначалникот д-р Консантин Георгиевски, на еден од најпознатите белградски сплавови „Амфора“ на Дунав, традиционално ја одржа Охридска промотивна туристичка вечер, со што го презенираа Охрид и Охридското езеро како една од омилените туристички дестинации на гостите од Србија.

На промотивната туристичка вечер, пред 100 гости со традиционалната македонска музика, покрај преставниците на хотелите и туристичките организации од Охрид, од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и македонската амбасада во Белград, гости беа преставници на Туристичкиот сојуз на Србија и директорката Марија Лабовиќ, од српското здружение на хотелиери и ресторани (ХОРЕС), ЈУТА, преставници на повеќе туристички организации и здруженија од цела Србија и др. познати јавни личности.

Обраќајќи се пред присутните градоначалникот Константин Георгиевски изјави дека минатата годинава бројот на регистрирани српски туристи во Охрид бележи раст и нивниот број изнесува 8.500 туристи, додека бројот на оние кои во сопствен аранжман го посетиле Охрид е значително поголем.

-Охрид како најважна и најголема туристичка дестинација мора да се промовира, мора да се продава, мора да ја претстави својата приказна на српскиот пазар, што е еден од најголемите и најважни пазари за нас. Српските туристи ни се потребни и ги очекуваме, а со ваквите промотивни настани работиме во насока на унапредување на нашата промоција во Србија и на зголемувањето на српски туристи во Охрид, изјави градоначалникот Георгиевски.

На Охридска промотивна вечера гости беа 15 амбасадори од повеќе држави и таа побуди голем медиумски интерес, а присутни беа новинарски екипи од ТВ Војводина, Политика, руски, албански и грчки медиуми, повеќе интернет портали и македонски медиуми.

За утре на Белградскиот саем на туризмот најавена е презентација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, како и на Охрид, Дојран и Крушево.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ