ОЕЦД: Подобрена прогноза за светската економија

Од:

Економската активност се зголемува или во најлош случај стабилизира во САД, еврозоната и Кина, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во соопштението се наведува дека водечките индикатори за активностите во најголемите индустриски развиени економии покажуваат стабилизирање на економскиот раст во поголемиот дел од главните светски економии.

Месечниот индикатор на ОЕЦД покажува дека економскиот раст зајакнува во САД, дека падот на економските активности во еврозоната почнува да се стабилизира и дека се присутни мали индикатори на раст во Кина.

На територијата на ОЕЦД, која ја сочинуваат 34 индустриски развиени земји, економскиот раст „зајакнува“, се наведува во соопштението на организацијата.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана