Одбележани сто години од производството на првиот трактор „Џон Дир“

Од:

Претставници на американската компанија за производство на трактори „Џон Дир“, битолската компанија „Синпекс“ и Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“-Битола денеска ја одбележаа 100-годишнината од производството на првиот трактор „Џон Дир“ во светот.

– Компаниите „Џон Дир“, „Синпекс“-Битола и ЗК„Пелагонија“-Битола како лидери во своите области можат да претстават новини кои би можеле да го водат земјоделството напред посебно во делот земјоделската механизација во Македонија, истакна Синиша Петровиќ, генерален менаџер на „Синпекс“-Битола.

Првиот трактор „Џон Дир“ е произведен во 1918 година, а бил конструиран седум години од Џон Дир, кој тракторот го именувал со своето име.

Гостин на прославата беше и амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли кој пред присутните гости рече дека македонското земјоделство заслужува висока репутација.

– Земјоделието го гледаме како интересен сектор за вложување во Република Македонија. За инвеститорите Македонија е интересна за вложување во високата технологија и рударство, но и за земјоделство, и во таа смисла особено е важно присуството на американските компании во македонското стопанство, нагласи амбасадорот Бејли.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година