Oд осум наследени арбитражи, три завршија во полза на Македонија, вели Митева

Од:

Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.

Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милиони евра, за кој Владата соопшти вчера, Митева на прес-конференција посочи дека добиени се и постапките „Саса“ со вредност од 445 милиони и „Гама“ против Македонија од над пет милиони евра.

– Кога сме кај лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена кога тие беа во Владата тогаш очекуваме одговор зошто во првата половина од април 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставници од Владата и на тужителите, за што потврда е дека оваа Влада има донесено одлука со што ја има одбиено предложената спогодба, рече Митева.

Покрај осумте наследени арбитражни постапки, од кои три се инвестициски, а пет трговски спорови, Митева посочи дека Владата наследила и најава за опомена на тужби за најмалку уште четири, а вкупната потенцијална штета изнесувала 865 милиони евра.

– Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со своите постапки ги доведе во ризик Буџетот на државата и меѓународниот углед, рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Митева: Сто и девет пациенти со предлози и барања на телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани

А1он

Освен медицинска и физиотерапевтска нега, повредените од Кочани во „Пониква“ ќе добиваат и психолошка и социјална поддршка

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност

Митева: По извршени контроли решенија за привремена забрана за 10 правни субјекти, кафулиња и клубови