Од денеска нова банкнота од 100 американски долари

Од:

Федералната банка на САД денес во оптек ќе ја пушти новата банкнота од 100 американски долари. На оваа банкнота се работело повеќе од 10 години, а главната цел на промената е за да се спречи фалсификувањето.

Банкнотата има повеќе специјални заштити, а ќе биде дистрибуирана од страна на Федералната банка на САД, која не е погодена од финансиската блокада на владата. Дистрибуцијата до испоставите ширум САД ќе биде со блиндирани камиони, па веќе од утре, американските граѓани ќе почнат да ги добиваат овие банкноти.

Како што изјавија од банката, направени се 3,5 милијарди нови банкноти, а редизајнот доаѓа за прв пат после март 1966 година, од кога датира дизајнот на досегашните 100 долари.

На предната страна на новата банкнота се наоѓа ликот на Бенџамин Френклин, а на задната салата на независноста во Филаделфија, како и повеќе нови детали.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари