Обуки за примена на постапката за окрупнување на земјоделското земјиште

Од:

Триесетина претставници на различни сектори и подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) ќе бидат обучени за примена на постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште.

По обуката, што почна денеска во МЗШВ, учесниците ќе имаат поголемо разбирање како да ги идентификуваат потенцијалните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со локалните земјопоседници и земјоделски заедници во процесот на изразување интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.

Обуката „Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште” е прва од планираните со проектот „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште – Мејнленд“ што го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), со финансии од Европската Унија.

Обуки за консолидација на земјоделското земјиште се најавени и за 27 и 30 октомври во Прилеп и во Штип за подрачните единици на МЗШВ и советниците од АПРЗ во соодветните региони.

Обучените вработени во МЗШВ и АПРЗ ќе бидат вклучени во кампања за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште која ќе се спроведува следниот месец.

Проектот „Мејнленд“ почна во март годинава, а ќе се спроведува до август 2020 година. Главната цел е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп