Обуки во туризмот според швајцарски стандарди

Од:

Македонија добива можност да ги подигне стандардите на услугите во туризмот и да стане регионален обучувач за стандарди во областа со денеска отворениот тренинг центар „Академик“, партнер на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (СХЛ).

Предавачи од СХЛ високата школа од Луцерн ќе сертифицираат мастер обучувачи од Македонија кои по успешно завршување на обуката ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат за понатамошно вршење обука на вработени од индустријата на угостителство. Се очекува годишно низ овие обуки да поминат околу 1.000 вработени во туристичкиот сектор и да се здобијат со знаења во согласност со највисоките швајцарски стандарди.

– Со отворање на тренинг центарот Академик и со објавување на најновиот повик за мастер обучувачи во потполност ќе се задоволат потребите на туристичкиот сектор за квалитетни обуки во областите за кои, според направените анализи, има најголема потреба, оцени Георги Димитров, директор на тренинг центарот Академик.

Според амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, знаењата кои швајцарските експерти во туризмот ги пренесуваат на своите колеги во Македонија се најдрагоцената помош која оваа земја може да понуди за развој на туристичкиот сектор.

– Со отворање на тренинг центарот и неговото сертифицирање од страна на СХЛ, воспоставивме систем кој во иднина ќе продолжи во Македонија да ги пресликува највисоките стандарди од Швајцарија, изјави амбасадорката Техада.

Државниот секретар во Министерството за економија, Зоран Павловски е убеден дека туристичкиот сектор во Македонија ќе го препознае квалитетот на обуките и ќе ја искористи можноста да го подобри капацитетот на своите вработени што несомнено ќе доведе и до поголем број задоволни туристи и зголемена профитабилност на компаниите.

Туризмот, наведе Павловски, е еден од најбрзо растечките економски сектори во светот. Во светски рамки, околу 1,2 милијарда туристи годишно прават туризмот да претставува 7 проценти од светскиот извоз на стоки и услуги. Во Македонија туризмот е во стабилен раст и во 2016 имавме 850.000 домашни и странски туристи односно зголемување од пет проценти во однос на претходните години.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ