Обука за основните принципи на управување со организации

Од:

Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вчера и денеска спроведува обука на тема „Основни принципи на управување со организации”.

Обуката е организирана во рамки на проектот „Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како поддршка на државата во процесите на пристапување кон Европската Унија“.

Учесници на оваа обука се претставници на организации на работодавачи и стопански комори, регистрирани на територија на Република Македонија.

– Сѐ уште сме во период кога овој сектор мора да се наметнува и како коректив и како контролор на власта. Граѓанските организации се битен фактор за постигнување на промените и унапредување на безбедноста и здравјето при работа кои треба да дојдат, нагласи Весна Ристовска од Македонско здружение за заштита при работа.

Таа наведе дека во рамки на проектот досега се спроведени проценки за организациските капацитети и капацитетите за лобирање и застапување на шест клучни организации од Советот за безбедност и здравје при работа, беа спроведени четири специфични дводневни обуки на обучувачи/ментори за селектираните организации од Советот за БЗР како и обуки наменети за организациско управување на синдикалните и професионалните организации од областа на БЗР.

– Преку конкретни обуки и обиди за долгорочното и постојано зголемување на знаењата и искуствата на организациите кои ги застапуваат интересите на бизнис секторот, ќе придонесеме кон успешен организациски развој и управување на организациите на работодавачи и комори во Македонија, а со тоа влијателно граѓанско општество подготвено за спроведување клучни реформи за унапредување на безбедност и здравје при работа, истакна Ристовска.

Би можело да ве интересира

Европската конфедерација на синдикати со поддршка на ССМ, за случувањата во Македонија ќе ја известат Европската Комисија

Трендафилов: За да го вратиме балансот, излегуваме на улица

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ никој не му треба кога е на власт

Горан Наумовски

Трендафилов се појави со Собранието, ни не се сретна „за координација“ со пратеникот Петрушевски

Левица: Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го достаvime предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски