Обелоденети владините економски мерки во Србија

Од:

Министерсот за финансии на Србија Лазар Крстиќ најави денеска зголемување на ДДВ од осум на 10 отсто и тоа ќе се однесува на стратешки важни производи како што се лебот, храната, млекото, маслото, но и за весниците, книгите и компјутерите, јавија белградски медиуми.

Таа стапка не беше зголемена лани по зголемувањето на ДДВ-то. Минстерот смета дека таа мерка ќе ја зголеми просечната цена на потрошувачката кошничка за 0,6 отсто.

Во објавата на новите економски мерки, тој најави и одданочување на платите во јавниот сектор над 60.000 динари во следната година за 20 отсто, додека оние што примаат плати над 100 илјади динари процентот ќе биде 15 отсто.

Како една од клучните мерки, Крстиќ најави намалување на државните субвенции за државните претпријатија.

– Нивото на субвенции за тие фирми е поголемо за два до трипати во споредба со Европа, што е недозволено, рече Крстиќ.

– Ќе продолжиме со субвенцирање кредити, но во намален обем. Ќе даваме субвенции за инветсиции и за вработување, нагласи тој.

Според него, заштедите во буџетот до 2017 година ќе бидат од 300 до 400 милиони евра годишно по основа на тие структурни реформи.

Би можело да ве интересира

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Силен земјотрес во Србија

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец