Преку три аукции на државни записи и една аукција на петгодишна обврзница, државата денеска собра 62 милиони евра.
Ова ново задолжување се случува во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата по основ на доспеани записи во приватниот сектор треба да врати исто така 62 милиони евра, јави 24 вести.
Интересот на денешните аукции беше поголем од понудата, што укажува на тоа дека приватниот сектор, слободните пари и натаму ги врзува за државни хартии од вредност кои носат ниски камати – но без ризик.
Според априлските податоци, Владата по основ на хартии од вредност должи 927 милиони евра.