Ново задолжување на Владата

Од:

Владата денес, преку ново задолжување на домашен терен, планира да ја задолжи Македонија со нови 31 милион евра.

Според проспектите за утрешните аукции кои ги објави Народната Банка ќе се спроведат пет одвоени аукции на државни хартии од вредност. Две аукции ќе бидат објавени на тримесечни записи, една аукција на шестмесечни записи, а ќе се продадат и две обврзници, едногодишна и петгодишна. Најголемиот дел од парите треба да се соберат преку тримесечни записи. Во среда, по основ на доспеани записи државата во реалниот сектор треба да исплати 28 милиони евра.

На почетокот на годинава, преку задолжување на домашен терен, Владата обезбедуваше пари кои главно завршуваат за порамнување, поточно исплата на веќе доспеаните државни записи. Заклучно со 2012-та година, последните расположливи податоци на Министерството за финансии покажуваат дека долгот на држават на домашен терен по основ на записи изнесува 805 милиони евра. Салдото на задолжување на почетокот на минатата година изнесуваше 373 милиони евра.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами