Ново поскапување на дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87% во однос на одлуката од 31.8.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 0,323%, кај дизелот зголемување за 4,575%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,647% и кај мазутот зголемувањето е за 3,754%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,489 ден/кг и сега ќе изнесува 45,031 ден/кг.
Од 4.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,031 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Поскапува дизелот

Повисоки цени на горивата од полноќ

Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

Горан Наумовски