Нови коригирани цени за 11-те видови овошје и зеленчук

Од:

Од денеска по нови повисоки коригирани цени ќе се продаваат 11-те видови на овошје и зеленчук за кои Владата неодамна донесе одлука за замрзнување на цените.

Владата вчера на седница донесе одлука со која килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95. Кромидот поскапува за десет денари по килограм и ќе биде 70 денари, а само леќата ќе чини над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм. Килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.

Причината поради која е предложена ваквата измена на одлуката е поради тоа што увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук е зголемена.

– Министерството за економија, како предлагач на Одлуката, соопшти дека врз основа на спроведените консултации со најголемите увозници на овошје и на зеленчук во Република Северна Македонија, како и имајќи ги во предвид најновите податоци од Царинската управа, е утврдено дека увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук е зголемена, поради претстојните празници, соопшти вчера владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Гарантирани цена уште два дена, мерката нема да продолжи

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Стоилковски ги објави цените од владиниот ресторан: Замрзнати цени за министрите

Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

Катерина Ѓуровски

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи бара Организацијата на портошувачи