Новак: Русија може да го намали производтвото на нафта

Од:

Рускиот министер за енергетика Александар Новак најави дека наскоро ќе започне консултации со руските нафтени компании, околу спроведувањето на планот на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на дневното производство на енергенсот, јави агенцијата ТРЕНД.

– Русија би можела да го намали дневното производство на нафта за 250.000 барели до средината на април, изјави Новак.

Сепак, според него, одлука на Русија за намалување на производството ќе зависи од развојот на настаните на нафтениот пазар во април и прогнозите за мај и јуни.

Новак нагласи дека со учеството во планот на ОПЕК за намалување на производството на нафта Русија ќе има помали приходи во државниот буџет.

Со договорот меѓу членките на ОПЕК и неколку земји поризводители на нафта, кои не се членки на картелот, постигнат лани во декември во Виена, се предвидува намалување на производството на енергенсот за 1,2 милиони барели на ден во првите шест месеци од оваа година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

Медведев: Русија е подготвена за разговори со Украина

Песков: Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Рјабков: Соработката за нуклеарно разоружување стана неприфатлива

Грушко: ЕУ загуби повеќе од 1,5 милијарди евра поради санкциите против Русија