Нова услуга на ОНЕ: Домашниот интернет и надвор од дома

Од:

ОНЕ во соработка со Sun wireless лансира нова услуга со која на корисниците на домашен интернет и мобилна телефонија на ОНЕ им овозможува пристап до интернет преку Wi Fi мрежата на Sun wireless.

Корисниците на ОНЕ резидентен интернет, за интернет сообраќајот преку мрежата на Sun wireless се тарифираат исто како сообраќајот да е остварен преку фиксна интернет линија на корисникот согласно тарифниот модел кој го користи.

Пристапувањето во мрежата на Sun wireless е брзо, се користи истото корисничко име и лозинка како за домашниот интернет на мрежата на ОНЕ.

Предноста е што претплатникот може да користи фиксен интернет дома и Wi Fi пристап преку Sun wireless со едно корисничко име и лозинка.

Дел од пресот на ОНЕ беше објаснување за начинот на кој се пристапува на мрежата на Sun wireless. Месечна претплата за пристап на Sun wireless на резидент интернет чини 99 денари со ддв.

Би можело да ве интересира

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска

Сите брендови на оне.Вип од 11 мај стануваат Вип

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јосифовски: Спојувањето на ВИП и ОНЕ е на штета на корисниците и ќе спречи ценовно намалување

Емир Латифовиќ

Граѓаните не ја оправдуваат одлуката за спојување на ОНЕ и ВИП

Ана Ололовска

Комисија за заштита или за нарушување на конкуренцијата?

Ана Ололовска