Нова туристичка понуда преку „јазли“ во Македонија и Бугарија

Од:

Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица во партнерство со Здружението „Пирински туристички форум“ од Благоевград, организираше и спроведе 10 работни средби на новоизградената Мрежа за одржлив туризам “Прекуграничен забавен центар”.

На секоја од тридневните работни средби, кои се одржаа во периодот од почетокот на годината до крајот на мај, домаќини беа различни туристички “јазли” или мини-дестинации во рамките на Југоисточниот плански регион од Македонија и благоевградската област од Бугарија.

Средбите се реализираа во Банско, Струма, Благоевград, Гоце Делчев и Петрич во Република Бугарија и Гевгелија, Радовиш, Ново Село, Струмица и Дојран во Република Македонија.

– За време на средбите претставниците на секој од “јазлите” учесници во проектот се запознаа на лице место со расположливата и потенцијалната туристичка понуда за секој “јазол” посебно, направија проценки од маркетинг гледна точка и предложија можности за подобрување и одржливо развивање на мини-дестинациите преку разработка на заеднички модерни и атрактивни дополнителни туристички услуги, информираат од Мрежата за одржлив туризам “Прекуграничен забавен центар”.

Покрај овие активности претстои комплетирање на овие први заеднички туристички услуги на Мрежата, како и изработка на интернет портал и промоција на новата туристичка понуда.

Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Интеррег меѓу Бугарија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ