Нова германска инвестиција со 700 нови вработувања, утре поставување камен-темелник

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии што ќе отвори 700 нови вработувања. Како што изјави денеска, се работи за германска компанија, а утре ќе биде поставен камен-темелникот на фабриката.

Инвестицијата, според премиерот, ќе изнесува 60 до 65 милиони евра.

– Веќе утре, по напорна двомесечна работа и отстранување на сите недостатоци што се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување камен-темелник на компанија што доаѓа од Германија. Инвестицијата е 60 до 65 милиони евра, ќе се произведуваат литиумски батерии и ќе се отвопрат околу 700 нови вработувања. Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП. Да почекаме до утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Мицкоски во Дубаи ги претстави можностите за инвестирање во Македонија

Кога сме раздвоени, кога сме поделени, тогаш сме лесен плен за предаторите, рече Мицкоски на 34 години од формирањето на УМС

Мицкоски: Никој нема да биде поштеден за Ласкарци, Беса Транс и за модуларната болница во Тетово

Горан Наумовски

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Мицкоски: Просветните работници ќе добијат зголемување на платите од седум отсто

Горан Наумовски