Нова цена на струјата од 1. јули?

Од:

Електричната енергија од 1 јули најверојатно ќе има нова цена, но се уште не се знае дали таа ќе биде повисока или пониска од постојната.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров на прес-конференција информираше дека ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН Македонија веќе ги доставиле трошоците за нивно работење до Комисијата.

Во наредните две недели Комисијата ќе треба да ги разгледа барањата на енергетските компании и да се произнесе дали и кои трошоци ќе им бидат прифатени.

Се очекува новата цена на електричната енергија, која ќе важи од 1 јули годинава, да биде донесена до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство