Нов закон за развој на бањскиот туризам

Од:

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев соопшти дека Власта ќе преземе нови мерки за развој на бањскиот и спа-туризмот, па затоа ќе донесе нов закон со цел да се искористат капацитетите.

„Со сите овие мерки Владата ќе даде значителна поддршка за развој на бањскиот туризам, формирање спа-центри и можности за локален економски развој, како и подобрување на услугата за бањско лекување, нови облици на туристичка рекреација и вработувања во капацитетите“, рече портпаролот.

Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека ќе се продаваат градежните парцели близу до постоечките бањи, за да се изградат нови објекти и дека во развојот на бањскиот туризам ќе бидат вкучени и странски инвеститори.

Законот кој треба да се донесе до крајот на декември, предвидува три нови локации да добијат концесионери за искористување на водите во Проевце – Куманово, Кежовица – Штип и Стрновец, Кумановско.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи