Нов тост леб на Жито Лукс – леб со кисело тесто

Од:

Тост леб со кисело тесто е новиот вид леб од Жито Лукс, што претставува спој на традицијата на правење леб и модерните процеси кои се тренд во светот. Со лансирањето на новиот леб Жито Лукс го зголемува разновидното портфолио и ги исполнува барањата и потребите на пазарот со нов вкус високо квалитетен леб.

Во производниот процес, подлежи на пастеризација која овозможува долготрајна консумација од 30 дена без додавање на конзерванси. Ова го прави лебот не само вкусен туку и здрав избор за потрошувачите кои се грижат за своето здравје и исхрана.
Одличен е за секојдневна употреба и идеален е за различни намени – од вкусен појадок со омилен намаз, до сендвичи за вечера и како додаток на главните јадења. Разновидните можности за комбинирање и консумација на овој производ го прави атрактивен за секој сладокусец кој сака да експериментира во својата кујна.

„Целиот тим на Жито Лукс посветено работеше на создавањето на новиот, а специфичен леб, производ што е многу популарен секаде во светот. Новиот леб е одличен спој меѓу традицијата во подготвување на леб и модерниот начин на живот. Новиот леб со кисело тесто со својот ароматичен вкус, природна жолтеникава боја и воздушеста структура додава вредност на секој оброк“, изјави Антоанела Петровиќ, директор на маркетинг и маркетинг на купувачи.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска