Носителот на иновативни технологии во Ист Гејт Мол е Нептун

Од:

НЕПТУН лидерот во иновативни технологии и бела техника во Македонија, ja отвора својата 26 локација како ,,flagship” продавница во Ист Гејт Мол. Продавницата ќе се простира на 1500 м2 и ќе се наоѓа на стратешка локација блиску до главниот плоштад во трговскиот центар, и до неа може да се стигне и со автомобил поради полесно транспортирање на купените производи.

Горан Панзов, Регионален Менаџер на НЕПТУН официјално ја предаде комплетната проектна документација на Наташа Апостолов, Лизинг Менаџер во Ист Гејт Мол, со што е меѓу првите закупци кои започнуваат со уредувањето на своите простории.

Горан Панзов изјави: „Започнуваме со уредување уште во овој момент, затоа што за комплексен зафат за продавница од 1500 м2 е потребно време од минимум 6 месеци.” Како водечки синџир на продавници за иновативна технологија и бела техника во Македонија, чест ни е што ќе бидеме дел од најголемиот трговски центар во регионот. Присуството во Ист Гејт Мол ни носи голема видливост и голема фрекфенција на клиенти. Продавницата на Нептун ќе биде носител на модерниот имиџ и ќе ги изложи најиновативните меѓународни брендови за технологија и бела техника за сите потрошувачи“.

Наташа Апостолов изјави дека Ист Гејт Мол го најавува официјалното отворање наесен годинава, а повеќе од 90% од вкупната површина на трговскиот центар е веќе изнајмена. Во моментов закупците интензивно работат на проектната документaцијa, а со закупците кои имаат закупен простор над 500 м2 е започнат и процесот на примопредавање на локалите со што овие закупци веќе започнуваат со изведување на работите.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

А1он

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Склопи Сам, конфигурирај со Нептун!

А1он

Нептун македонија со 430.000 денари донирани на сос детско село – благодарност до клиентите за поддршката

А1он

Љубов на Нептун начин

А1он

Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

А1он