Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина, имаше свое обраќање пред министерите за земјоделство од ЈИЕ.

Министерскиот состанок е во организација на Владата на Босна и Херцеговина како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

Министерот Николовски истакна дека овој состанок е добра можност да се презентираат идните политики за унапредување на регионалната соработката во областа на земјоделскиот сектор помеѓу земјите од Западен Балкан, како и политиките за забрзување на процесот на приближување на земјите кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа кон Европската унија.

„Во создавањето на едно развиено и конкурентно земјоделство, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес. Стратешките цели на Владата на РМ, се токму членството во Европската унија и НАТО, за што работиме на интензивна реформска агенда.

– Врз основа на усвоените закони од областа на земјоделството и руралниот развој, Република Македонија, преку МЗШВ континуирано работи на приближување на земјоделскиот сектор кон европските регулативи.Во процесот на унапредување на земјоделството важна е размената на искуства меѓу земјите од ЈИЕ, а тоа е овозможено преку Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од ЈИЕ- SWG.

– Република Македонија како и досега ќе биде конструктувен партнер во сите заеднички идни проекти, како дел од платформата за соработка со земјите од ЈИЕ, насочени кон олеснување на трговијата со земјоделски и прехрамбени производи, истражување и развој, размена на добри практики за одржливо земјоделско производство и примена на нови технологии“, изјави министерот Николовски во своето обраќање.

На денешниот состанок, свои обраќања имаа и министрите од другите земји од ЈИЕ, како и претставниците на меѓународните организации.

Претставниците од меѓународните организации потенцираа дека Западен Балкан ќе биде приоритет во пресрет на програмските планирања на Европската комисија и Обединетите нации, во поглед на развој на земјоделството, борба против климатските промени и спречувањето на миграциите.

Годинава земја претседавач со SWG е Босна и Херцеговина, а следната година претседавач ќе биде Македонија, и овој министерски останок ќе се одржи во Македонија.

Во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ, се планирани и билатерални средби помеѓу министрите, но и средби со претставниците на меѓународните организации, на кои е планирано да се разговара за идните чекори во делот на унапредување на трговската соработка,размената на искуства, реализацијата на проекти од областа на земјоделството.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп