Николовски: Стартува Чебрен – најважниот енергетски проект

Од:

Енергетските успеси се реалност. После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартуваме со реализацијат на најважниот енергетски проект, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра.

Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти.

Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја.

Придобивките од овој историски проект се големи, во делот на енергијата, но и земјоделието, за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдувањето. ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација.

Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, Тиквеш го внесуваме во заедничка компанија, 3 месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ Чебрен.

Целата инвестиција од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30% сопственост.

Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција, помагајќи во намалување на производството од јаглен и поддржувајќи обновливи извори на енергија.

Енергетските факти се резултат на посветеност и работа, грижа за иднината на нашата држава, а ќе споменам дел од веќе оствареното: – за 140% е зголемена инсталираната моќност на капацитетите од обновливи извори за нецела една година во споредба со 2022-та – преполовен е увозот на струја од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции – цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна – а од 1 декември повторно стартуваме со дневната евтина тарифа, рече Дарио Николовски, член на Централен одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Втор обезбедувач на Мицкоски фатен во контакт со подземје

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен

Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани