Николовски: Цветков да се фокусира на проблемите во лозарството

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини дека министерот Михаил Цветков не се фокусира на проблемите во лозарството.

Според Николовски, грозјето не е собрано, нема пласман, ниту е исплатено, а единствено решение со кое може да им се помогне на лозарите согласно Законот за земјоделство и рурален развој е власта да донесе мерки за интервентен откуп на вишокот заради стабилизација на пазарот.

– Мерката за помош на винарските визби, која се однесува само на ограничено количество откупено грозје, не значи ништо за лозарите. Министерот Цветков потенцираше дека има државен инспектор 24 часа на терен на откупните пунктови. Но, инспекторите беа пратени на терен за да спроведуваат одредби од закон што не постојат, смета Николовски.

Негова оценка е и дека законските измени кои предвидуваат исплатата на лозарите да се врши шест до осум месеци по предавањето на грозјето се на директна штета на лозарите.

– Цветков повторно најави дека ќе организира некакви состаноци во јануари 2017 година, па му порачувам да се занимава со реалните проблеми на земјоделците, да не се крие и да излезе во пресрет на проблемите што ги мачат лозарите. Цел месец избегнува соочување со мене, наведува Николовски во соопштение.

Дополнителниот заменик-министер посочува и дека софтверот за следење на пазарната цена на земјоделските производи не функционира.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он