Николов:Груевски веднаш да ги намали цените на нафтените деривати

Од:

СДСМ реагира на  денешното поскапување на енергенсите, кои велат, стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин, кој со страв го чека секој понеделник и седниците на оваа Комисија.

Власта, велат,  упорно одбива да го направи она што е во нејзина моќ, да ја намали цената на бензинот. Владата собира повеќе приходи по основ на ДДВ за нафтените деривати, отколку што испланирала.

„Таа може да покаже добра волја, и само со една одлука, до крајот на годината да ја преполови акцизата за нафтени деривати, Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ може да ги поевтини бензините од 10 до 12 денари по литар! Дополнително, премиерот Груевски има морална одговорност да ги намали цените на нафтените деривати, затоа што тој лично ја аминуваше најкриминалната приватизација во македонската историја, продажбата на рафинеријата “ОКТА“, изјави Марјанчо Николов.

Потсети дека  лани, непосредно пред изборите, Владата ги намали акцизите за бензините. Затоа е крајно неодговорно што тој ги игнорира сите повици да им помогне на граѓаните.

Владата, рече,  има пари за реклами, жални врби, скапи огради, фасади, споменици, а нема кога треба да им се помогне на граѓаните. Ако таа се откаже од непродуктивните трошоци, парите може да ги пренамени за санирање на последиците од поскапувањата.

СДСМ ја повикува Владата итно да донесе одлука за намалување на акцизата за нафтените деривати, Владата мора веднаш да се откаже од сите луксузирања и да ги пренасочи средствата за олеснување на животот на граѓаните.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна

СДСМ: Под притисок на јавноста сменета е директорката на Козле

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Катерина Ѓуровски