Николов: Македонската економија е во состојба на неликвидност

Од:

Според Марјанчо Николов од СДСМ, македонската економија се наоѓа во состојба на незапаметена неликвидност, која извира од неспособноста на Владата навреме и редовно да ги отплаќа своите долгови кон компаниите.

Тој рече дека овој проблем добива загрижувачки димензии и се заканува целосно да го задуши стопанството.

„Кредитната линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка, за која гарантира државата, ќе биде добредојдена финансиска инјекција за компаниите, но проблемот со неликвидноста може да се реши само ако државата навреме ги сервисира долговите, што е и законска обврска за владата.

Компаниите ќе се соочат со потешкотии и при одобрувањето на кредитите од оваа линија кај комерцијалните банки, за кои ќе им биде потребно дополнително обезбедување.

За да се ублажи неликвидноста во македонското стопанство, Владата мора дополнително да ги преземе и следните чекори:

-Веднаш да го објави долгот на државата и сите државни институции кон приватниот сектор по основ на поврат на ДДВ и неисплатени обврски за да можат компаниите однапред да знаат за колку стабилни плаќачи се работи кога аплицираат за услуги кои ги бара државата од нив.

-Итно да ги сопре сите непродуктивни трошоци за реклами, споменици и фасади, а со заштедените средства да почне да ги исплаќа сите долгови кон стопанството, што ќе претставува најголема финансиска помош на компаниите во време на криза.

– Да почне да издава гаранции за долговите кон стопанството, со кои компаниите ќе можат полесно и поефтино да се задолжуваат кај банките.

-Да дозволи „задолжницата“, новиот инструмент во стопанството, да важи и за долговите на државата“, рече Николов.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна

СДСМ: Под притисок на јавноста сменета е директорката на Козле

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Катерина Ѓуровски