Николоски: Во 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

Од:

„Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031-32 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас“ најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој во одговор на новинарско прашање потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што е договорено во јуни годинава.

-Во јуни имавме средба со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов во Истанбул, една корисна конструктивна средба каде што првпат после скоро година дена, седнавме да ги разгледаме реалните проблеми коишто се од инженерски, а не од политички карактер. Имајќи предвид дека средбата беше таква, стручна за теми коишто не се поврзани со политика, затоа што градење пруга не е политика најдовме многу брзо решение – посочи Николоски.

Како што прецизира, договорено е Македонија да ја изгради третата фаза од железницата кон Бугарија, првата, додаде, е изградена, а втората се гради во моментов.

-Бугарија си ги презеде своите обврски, а тоа е да инвестира милијарда и половина евра во изградба, реконструкција и надградба на пругата која што оди од Софија преку Перник до Ѓуешево и да го изгради делот од Ѓуешево до границата. За делот од Ѓуешево до границата веќе има тендери и она што останува тунелот којшто претходно, за жал, беше проектиран до пола, сега ќе се проектира целосно и за таа работа секако треба да се потпише меѓудржавен договор. По завршувањето на изборите, кога ќе завршат овие ограничувања истиот ќе го потпишеме, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Нови 49 возила за собирање смет – донација од Министерството за транспорт и Светска банка

A1on

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски

Николоски: Невозможни се барањата на нискобуџетната „Рајан ер“

Катерина Ѓуровски

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Предраг Петровиќ

Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок