„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
За предизвиците и тешкотиите со кои компанијата се соочуваше во изминатата пандемиска година, иновациите, дигитализацијата, онлајн продажбата и идните планови, разговаравме со генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов.
Во колкав обем пандемијата предизвикана од Ковид-19 влијаеше на работењето и продажбата на компанијата и на кои начини „Нептун“ се справи со предизвиците во изминатата кризна година?
Пандемијата секако дека имаше значајно влијание врз целокупното работење и организација на компанијата, но сепак ние сме Нептун! – како што и сами споменавте, компанија која долго време е лидер на пазарот и секогаш подготвена да одговори на сите предизвици со кои се соочува. Секако главниот фокус ни беше насочен првенствено кон грижата за вработените и нивното здравје, па согласно ситуацијата имаше реорганизација на начинот на работење. Воведовме работа од дома, секаде каде природата на работа тоа го дозволува, како и засилување на заштитните мерки во согласност со препораките на здравствените власти во останатите работни околности. Клучна улога во справувањето со предизвиците имаа сите членови на семејството Нептун, нивната брза реакција и дополнителниот напор што го вложи секој поединец. Би сакал да изразам голема Благодарност на секој од нив, среќен сум и горд на моите колеги.
Дали корона кризата отвори и некои нови можности за „Нептун“ во 2020. година и кои иновации ги донесе компанијата на пазарот?
Сметам дека корона кризата не поттикна подлабоко да размислиме за развивање на постоечките и креирање нови можности. Имавме доста промени изминатата година што полека го добиваат својот сјај и кои сигурно ќе направат нашите лојални потрошувачи да искусат брзо и ефикасно корисничко искуство. Тука пред сè мислам на зајакнувањето и унапредувањето на нашиот Продажен тим, како и тимот од Центарот за корисничка поддршка со високо квалификуван и професионален кадар подготвени да им помогнат на нашите ценети клиенти, како и на идните потрошувачи. Ништо помалку значајни не се нашите позадински напори за дигитализација и оптимизација на логистичките процеси на Нептун, како и унапредувањето на интерните процеси со голем број системски промени итн.
Е-продажбата во „Нептун“ забележа голем пораст. Кои фактори влијаеа за зголемувањето на продажбата преку интернет?
Намаленото движење на луѓето во ова време на пандемија, ги менува и потрошувачките навики. Изминатата година имавме огромен раст и на онлајн продажбата, за што и бевме подготвени, бидејќи тој вид на продажба го развивавме поинтензивно изминатите годин,и во антиципација дека потрошувачите ги менуваат своите потрошувачки навики заради динамичниот начин на живеење. Нептун има платформа за е-продажба прилагодена на преференците на потрошувачите – онлајн продавницата на Нептун нуди исто корисничко искуство како и секоја друга наша продавница. Членовите на лојалната програма haPPy уживаат во истите бенефити при купување онлајн, и секако доколку некој не е член во лојалната програма, може да се зачлени без притоа да мора да оди во некоја од нашите продавници
Дали вашата компанија ги следи актуелните светските трендови во поглед на дигитализацијата и онлајн шопингот?
Се разбира. Се трудиме колку што е можно да бидеме поиновативни во тој дел. Постојано работиме на унапредување на онлајн продавницата но и сите останати работни процеси. Нептун апликацијата е буквално начин нашата понуда да Ви биде на дофат на рака, а сè со цел да им овозможиме на клиентите на многу лесен, брз и едноставен начин да дојдат до она што им е (нај)потребно. Процесот на дигитализација и автоматизација, го започнавме пред три години, но секако ќе продолжиме да се прилагодуваме со тековните трендови на пазарот и индустријата.
„Нептун“ е една од најиновативните компании во државава. Колку тоа влијае на продажбата, на конкуренцијата и кај потрошувачите?
Секако дека името и брендот Нептун кои се симбол на квалитет и врвна услуга многу влијаат во довербата која нашите купувачи ни ја даваат, а тоа го потврдуваат и продажните резултати, од година во година, но и бројот на лојални купувачи, кои по бројност е над 300.000. Најголем дел од потрошувачите ги препознаваат нашите иновативни решенија, што им помагаат при носењето одлука да бидат наши клиенти, а задоволните купувачи се наш приоритет, но и обврска секогаш да ги пресретнеме нивните очекувања.
Кои од вашите производи најмногу се продаваа во изминатата година во која главна тема беше корона пандемијата?
Кога најголем дел од времето го поминувате во домашни услови, што го наложува ситуацијата во 2020 година, можам да кажам дека продажбата на секоја продуктна категорија беше солидна. Сепак, поради најголемите промени кои се случија во образовниот и работниот процес, оваа година стави посебен акцент на персоналните компјутери, лаптопите и дополнителната опрема за следење на наставата (слушалки, камери итн.).
Може ли да ни кажете нешто повеќе за идните планови на „Нептун“?
Планот е Нептун да продолжи да се менува, а тие промени секогаш да бидат ускладени со желбите и потребите на нашите клиенти. Од неодамна имаме уште еден кредитен производ во нашето портфолио, дополнително ја продлабочуваме соработката со стратешките партнери, развој на нови производи од сопствената трговска марка Фуего, отварање на нов мега салон, развој на нашите вработени…., се само дел од плановите за следната календарска година, која секако ќе биде предизвик.
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.