Како дел од стратешко партнерство помеѓу СОС Детско село и НЕПТУН Македонија „Заедно за повеќе насмевки“, почнувајќи од 03.08.2021 НЕПТУН организираше хуманитарна кампања “Заедно донираме повеќе” која симболично заврши на светскиот ден на ХУМАНОСТА 19.08.2021. Со кампањата беа опфатени повеќе производи од сите брендови што се продаваат во мрежата од 25 продажни места во 21 град во Македонија, при што за секој купен производ вклучен во хуманитараната кампања, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА донираше 1% од нето вредноста на продадените производи во тој период. Преку хуманитарната акција, компанијата упати повик до своите купувачи да се вклучат во истата, со транспарентна комуникација во текот на времетраењето на кампањата.
По повод Светскиот ден на хуманоста, од каде произлезе идејата за спроведување на акцијата, на 23.08.2021 во дворот на СОС Детско село беше врачен чек во износ од 100.000 денари, финансиски средства кои ќе се искористат за тековните потреби на децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, но истовремено и ќе донесат многу насмевки на децата.
За да кампањата има поголем импакт НЕПТУН ја прошири активноста и со дополнителна донација во добра спрема потребите за тековно функционирање на згрижувачките семејства од СОС Детско село при што на тој начин дополнително се достави и донација во добра на апарати за домаќинство во вредност од 100.000 денари од брендот Фуего за кој Нептун е ексклузивен застапник.
За оваа заедничка соработка генералниот директор Горан Цветинов на НЕПТУН Македонија изјави:
Во име на сите вработени во компанијата, сакам да изразам најискрена благодарност до сите наши купувачи кои активно се вклучија во поддршка на кампањата “Заедно донираме повеќе”. Секој купен производ значи доверба во Нептун и поддршка на корпоративната иницијатива, собирање средства за добротворни цели, осигурувајќи дека истите ќе бидат проследени на оние кои се наш мотив да придонесеме за витална разлика во заедницата. Делуваме со огромна страст за градење свест за поддршка на добротворни акции кај сите наши клиенти, соработници и партнери. Ние во Нептун сакаме да го направиме својот дел и ќе продолжиме да соработуваме и ќе се потрудиме да поддржиме што повеќе иницијативи во уникатната дејност што ја спроведува СОС Детско село. Оваа донација е на некој начин само интензивирање на соработката со Сос Детско село и секако истата продолжува во периодот што следува во духот на Нептун како општествено одговорна компанија.
За значењето на ова стратешко партнерство и донациите направени од страна на НЕПТУН Македонија изјава даде раководителката на секторот за собирање средства и комуникации од СОС Детско село, Силвија Димитрова:
“Она што е одлика на човекот е потребата да споделува, да помага, да дарува, да биде хуман. По повод Светскиот ден на хуманоста, нашиот стратешки партнер НЕПТУН Македонија ја препозна таа потреба и делуваше во насока на поддршка на нашата работа – обезбедување топол дом, љубов и грижа во семејна атмосфера и поддршка во подготовка за самостоен независен живот на деца и млади од ранливи категории. Работа која се одвива во континуитет, секој ден, недела, месец. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Во тој дух, компанијата НЕПТУН ја препозна важноста на одржливоста на нашата работа и стана амбасадор на нашата мисија.
Им благодариме на НЕПТУН Македонија за хуманоста, донациите и стратешкото партнерство, и се надеваме дека ќе бидат инспирација и на останатите компании да помагаат на ранливите категории – кауза полна со емоции.
Лепа Петровска (Бренд менаџер Фуего)
Александра Ивановски (Директор на приватна установа на СОС Детско Село)
Горан Цветинов (Генерален директор на Нептун Македонија)
Силвија Димитрова (Раководителка на секторот за собирање средства и комуникации)
ПР текст