Нелојалната конкуренција останува проблем на охридско-струшкото крајбрежје

Од:

Туристичката сезона почна, а хотелиерите и станоиздавачите повторно се соочуваат со проблемот на нелојалната конкуренција.

И покрај напорите на локалните власти за регулирање на ова прашање сеуште низ охридските и струшките улици има лица кои нудат сместување што, според првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажески, покажува лоша слика и го руши угледот на туристичките центри.

– Каков впечаток ќе добијат гостите, кои уште не влезени во градот ги пречекува некој на велосипед или други трчат по автомобилот да им понудат сместување. Да не говориме дека има случаи кога нешто нудат, а кога ќе ги однесат условите се поинакви, посочува Блажески.

Претседателот на ХОТАМ за МИА вели дека последните години само зборуваме, а уште немаме воведено туристичка полиција, која постои во повеќе држави.

– Нелојалната конкуренција останува. Мора да се најде начин како да се следи. Засега немаме направено нешто подетално што се издава и во колкав број, истакна Блажески.

Тој смета дека треба да се работи и заради неизбегнување на данокот, односно туристичката такса.

– Не треба да се избегнува ниту туристичката такса или обврските кон општината и државата. Со тие средства би се унапредувале и би оделе напред. Не сме против приватно сместување, но тоа да биде направено на ниво и сите да ги плаќаме обврските. Само така можеме сите да одиме напред, нагласи Блажески.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ