Неколку скопски населби и села утре и задутре без струја

Од:

Утре од 9 до 11 часот, корисниците од улицата „Пиринска“  во општина Центар ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците 4, 5, 6 и 8 во селото Студеничани, а од 9:30 до 14:30 часот и кориниците од улицата „Гемиџиска“ во населбата Железара во општина Гази Баба.  Од 10 до 15 часот утре струја ќе немаат и корисниците од улиците „Кленоец“, „Пресека“, „Бабуна“ и „Владимир Каваев“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот и корисниците од улиците Волково 101 и Волково 93 во општина Горче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изведување технички зафати во мрежата од страна на ЕВН Македонија.

В четврток од 9 до 17 часот поради истата причина без струја ќе бидат и корисниците од селата Зелениково, Пакошево, Страхојадица, Кадина Река, Градовци, Гумалево, Тисовица и Добрино, од 9 до 15 часот електрична енергија ќе немаат корисниците населеното место Сопиште – пат за Дрисла, а од 9:30 до 14:30 и корисниците од улицата „Гемиџиска“ во  населбата Железара во општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство