Неизвесно поскапувањето на цигарите по влезот на Хрватска во ЕУ

Од:

Од први јули, со влезот на Хрватска во ЕУ, се менуваат правилата на игра. Земјата која досега беше дел од ЦЕФТА, ќе мора да прифати поинаков трговски режим. Тоа значително ќе го почувствува тутунската индустрија поради обврзните дополнителни давачки, зголемен данок за цигарите речиси една третина и повисоки царини, од 27 на 42 отсто.


Компаниите, велат аналитичарите, ќе треба да изберат, дали да ги поскапат своите производи и да бидат неконкурентни или сами да ги платат загубите од зголемениот данок и царина.


Според менаџерскиот тим на Фабриката за тутун од Ровињ (ТДР), интезивно се бараат начини за намалување на евентуалните финансиски оптоварувања.  Се преговара со институциите на ЕУ за ублажување на последиците. Една од опциите е тргување по „старите“, ЦЕФТА правила.


– Нашата намера е и по излегувањето на Хрватска од ЦЕФТА да продолжиме со снабдување на сите регионални пазари, вклучувајќи ја и Македонија. Преговараме со Европската комисија и сите земји да се изнајде решение со кое ќе им се помогне на хрватските извозници да продолжат со извоз под исти или слични услови како досега. Се надеваме на успех зашто има интерес од двете страни, изјави претседател на Управниот одбор на ТДР Мато Задро на средба со новинарите.


Стопанските комори од земјите членки на ЦЕФТА не се согласуваат со барањето на хрватските извозници да тргуваат по досегашните договори.


– Хрватските извозници сакаат да издејствуват дополнителни договори за извоз по ЦЕФТА договорите, но и да го користат европскит пазар, а другите земји  да ја користат ЦЕФТА, но не и европскиот пазар. За ова не постои согласност од коморите на ЦЕФТА државите, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.


Според него, по влезот на Хрватска во ЕУ цигарите најверојатно ќе поскапат. Тутунските компании се загрижени зашто ќе имаат годишна загуба од околу 10 милиони евра.


Храватска  годишно откупува околу 850 тони македонски ориентален тутун или 5 отсто од вкупното производство во вредност од 2,7 милиони евра. Лани Македонија увезла 503 тони цигари од хрватската ТДР.


Од ТДР велат дека тутунската индустрија секоја година бележи намалување на продажбата. Лани хрватската компанија продала 11,6 милијарди парчиња цигари, што е за 3,3 отсто помалку во однос на 2011 година, додека во споредба со 2010 година продажбата по број на цигари е опадната за 11,4 отсто. Легалниот пазар на цигари во регионот поради економската криза и намалувањето на куповната моќ е паднат за 13,3 отсто. Нов предизвик за хрватската компанија е иранскиот пазар, а до крајот на годината планираат отворање производствен погон во Иран. ТДР е една од насилните хрватски производствни компании што своите производи ги пласира на 15 пазари, а во Југоисточна Европа остварува 44 отсто од својата продажба.


На македонскиот тобако пазар се зголемува конкуренцијата со влезот на уште едне голем светки играч „Бритиш американ тобако“. Јапан тобако, пак, лансираше на пазарот пакување со 10 цигари. Тоа, објаснува Ристовски, ја зголемува конкуренцијата. Кај нас се уште не е законски дефиниран минималниот број цигари во пакувањето што е случај со сите останати земји од регионот каде не се дозволува во едно пакување да има помалку од 19 цигари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница