Недостиг на работа најголема грижа за Романците во 2014.

Од:

Најголемата грижа на Романците оваа година била недостигот на работа, но повеќе од половина од граѓаните на Романија сметаат дека работите во земјата одат во подобра насока, а исто толкав процент сметаат дека следната година ќе биде подобра, покажуваат резултатите од истражувањето на социолошкиот институт ИРЕС.

Педесет и два проценти од анкетираните сметаат дека во Романија работите одат во подобра насока, додека 38 отсто имаат спротивен став. Осум проценти немаат став, а два отсто не одговориле на ова прашање.

Четириесет и седум проценти од Романците изјавиле дека не се задоволни од начинот на кој живеат, а 31 отсто се „сосема задоволни“. Три отсто се „мошне задоволни“.

Четириесет и четири отсто од анкетираните очекуваат да живеат подобро по една година, додека 33 отсто очекуваат работите да останат исти. Седумнаесет отсто сметаат дека ќе живеат полошо.

Во врска со 2015 година, 58 отсто сметаат дека ќе биде подобра, 28 проценти дека ќе биде иста како и 2014., а според девет отсто ќе биде полоша.

Најголема грижа за Романците во 2014 е недостигот на работни места, една четвртина од анкетираните изразиле загриженост поради тоа прашање. Политичка криза и страв од болести претставуваат грижа за 15 проценти од анкетираните.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 19 декемри, на примерок од 1.147 лица на возраст над 18 години.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски