Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, вели министерката за финансии

Од:

Нема да има промени во однос на мерката „Мој ДДВ“, а сè останува како што било и досега, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Нејзината изјава следува откако директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, вчера изјави дека мерката, откако е воведена, не го дала очекуваниот ефект.

Министерката посочи дека не ја слушнала изјавата на директорката на УЈП, но нагласи дека во Министерството за финансии досега не е пристигнат никаков извештај или информација поврзана со „Мој ДДВ“.

„Ниту сме разговарале на таа тема, ниту пак постои иницијатива за менување на законот или за отворање дискусија околу ’Мој ДДВ’. Затоа не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку напротив – сè останува како што беше и досега“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори

Димитриеска Кочоска: Повеќе правичност и стабилност за економијата преку е-фактура

Горан Наумовски

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност