„Не“ на референдумот во Грција не значи автоматски излез на земјата од еврозоната

Од:

„Не“ на референдумот во Грција нема да значи и автоматски излез на земјата од еврозоната, изјави вчера пред ТАСС европски претставник во Брисел, коментирајќи ги прелиминарните резултати од гласањето.

Според европскиот претставник ако одговорот „не“ за предложените мерки од кредиторите на земјата се потврди, тоа нема автоматски да значи и излез на Грција од еврозоната, туку преговорите ќе продолжат.

На вчерашниот референдум во Грција вкупно 61,31 процент од гласачите се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент