НБРМ: Се создава простор за зголемување на кредитната поддршка на стопанството

Од:

Кредитните текови се позитивни со поголема ориентираност на банките кон населението, девизните резерви се на ниво доволно за справување со евентуални, непредвидени шокови, депозитите во банкарскиот систем растат, но побавно од очекуваното, а инфлацијата и натаму се движи во проектираните рамки, оценува Народната банка на Република Македонија.

Според НБРМ, каматната стапка на благајничките записи ќе се задржи на нивото од 3,25 отсто, а на аукција ќе се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.

– Податоците за кредитните текови укажуваат на можно остварување на планираната динамика на кредитната активност. Во првите шест месеци од 2013 година, износот на новоодобрени кредити од страна на банките кон секторот на нето-извозници и домашни производители на електрична енергија достигна 3.588 милиони денари, при што новоодобрените кредити во најголем дел, 99 отсто, се кон секторот нето-извозници.

Растот на новоодобрените кредити овозможува намалување на основата на задолжителната резерва на банките со што се создава простор за натамошно зголемување на кредитната поддршка на приватниот сектор, соопшти централната банка.
И покрај ваквите остварувања, додава НБРМ, надолни ризици околу проекцијата на кредитите и натаму постојат и се уште има согледувања за ризик.

По забрзувањето на инфлацијата во јуни, минатиот месец потрошувачките цени се намалија на месечна основа, а годишниот раст на цените забави.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата