НБРМ прогнозира поголем економски раст и пониска инфлација

Од:

Во квартална ревизија на макроекономските проекции што денеска ја објави НБРМ се прогнозира намалена инфлација од 3,2 на 2,8 проценти, повисок дефицит на тековната сметка и умерено забрзување на кредитниот раст.

НБРМ очекува умерен раст на економската активност во оваа и нешто подобар во наредната година, движен од повисоката инвестициска активност и очекуваното закрепнување на извозот, а во следната година дополнително зајакнат и од повисокиот позитивен ефект од личната потрошувачка, изјави на денешната прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Извозот и инвестициите, според НБРМ, ќе бидат главните дигатели на растот годинава, а во наредната година растот дополнително ќе се зголемува преку личната потрошувачка.
Гувернерот појасни дека податоците за движењето на домашните цени во првите три месеци од годината упатуваат на побрзо забавување на стапката на инфлација споредено со очекувањата во јануарската проекција.

Банкарскиот систем и натаму бележи висока стапка на адекватност на капиталот, 17,1 процент на крајот на 2012 година, висока ликвидност и умерен пораст на нефункционалните пласмани на нефинансиските субјекти во износ од 11,9 проценти на крајот на февруари годинава.
Според Богов, ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио и натаму се главно од надворешна природа, а се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и движењата на цените на примарните производи на светските берзи.

Меѓу другото Советот на НБРМ денеска, донесе одлука да ги промени условите и начинот под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезидент, така што на продавниците и локалите лоцирани во меѓуграничниот простор на аеродромите, односно помеѓу царинските канцеларии на влез и излез во Република Македонија, а кои немаат статус на слободни царински продавници им се овозможува да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата