НБРМ: Потребни конкретни активности за финансиска писменост на населението

Од:

Во Република Македонија потребни се конкретни политики, проекти и поголем број едукативни активности за поголема финансиска едукација на возрасното население.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено мерење на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во државата, коешто Народната банка го спроведе неодамна со финансиска поддршка од Европскиот фонд на Југоисточна Европа, а резултатите беа претставени на состанок на претставници на регулаторните институции во државава, коишто учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација – Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизја на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

– Добиените резултати од мерењето, како што беше потенцирано на состанокот, не само што им овозможуваат на регулаторните институции јасна и целосна слика за нивото на финансиската писменост на возрасното население коешто живее во Република Македонија, туку, меѓу другото, претставуваат и една од основите за планирањето и опфатот на дел од нивните натамошни активности, а особено во сферата на финансиската едукација на возрасното население, стои во соопштението од НБРМ.

На состанокот се водела и плодна, сеопфатна дискусија од која произлегоа повеќе предлози за можни заеднички проекти со кои би се подобриле политиките за финансиска едукација во државава.

Мерењето е спроведено во соработка со агенцијата ГФК на примерок од 1.100 испитаници на возраст на 18 години.

Би можело да ве интересира

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он