НБ: Солидна кредитна поддршка на приватниот сектор во првото полугодие, особено на корпоративниот сектор

Од:

Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од 1% и годишен раст од 10%, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка. Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжи да забрзува и достигна 12,4% на годишна основа, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7% бележат и кредитите одобрени на домаќинствата, соопшти Народна банка.

Во овој период беа задржани поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43%, додека за домаќинствата 5,06%.

Раст бележи и депозитниот потенцијал на банките. Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4% во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8% зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1% на месечна основа, односно 5,2% на годишна основа, известува НБ.

Статистичкото соопштение е достапно на следниот ЛИНК

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски